Експлодира брод во Истанбул, има повредени

3

Најмалку пет работници се повредени во експлозија на брод во бродоградилиштето Тузла во Истанбул, пренесуваат турските медиуми.

Според информациите, дошло до експлозија на гас, а на терен се голем број пожарникари и медицински екипи за помош на повредените.

Според неофицијални податоци, по еден од работниците кој бил на бродот се уште се трага.