Експлозија во рудник во Србија, има загинати и повредени

32

Најмалку осум рудари загинаа а 20 се повредени во експлозија во рудникот „Соко“ кај Сокобања.

Како што пренесуваат српските медиуми, во раните утрински часови се случила експлозија на метан, по што се урнал дел од јамата, а рударите останале заробени внатре.

„ Осум рудари загинаа, а 20 се повредени“ изјави директорот на Здравствениот дом Алексинац, Родобљуб Живадиновиќ.

Медиумите најавуваат и дека се спасени 58 рудари.

Живадиновиќ за РТС изјави дека повеќето од рударите се полесно повредени.

„ Неколку околни центри ги испратија сите свои екипи што можеа, дел од повредените се транспортираат во Општата болница Алексинац“, додаде Живадиновиќ.

Тој наведува дека нема информации уште колку рудари се заробени.