Експратеничката Дамческа-Илиевска добила закани откако побара смена на Мицкоски

5

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамчевска-Илиевска, која е член на Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес во партијата, до полицијата поднела пријава дека трпи закани.

„Да се бара одговорност од раководството и одржување на вонреден конгрес е демократски чин. Да се испраќаат разни ликови пред нечиј дом, да се пишуваат вулгарни зборови, обвинувања без основа, лични навреди на социјалните мрежи е кукавички и нечовечен чин“, вели Илиевска.

Од МВР за Телма истакнале дека двајца заканувачи по пријавата биле повикани во полиција и се работи на целосно расчистување на случајот.