Шпанскиот весник Ел Мундо го објави договорот на Лео Меси кој вреди 555.237.619 евра за четири години, плус две премии, една вредна 115.225.000 и друга вредна 77.929.925 евра.
Барселона е силно погодена од коронавирус кризата, клубот е до гуша во долгови, нема пари за трансфери, ниту пак за плати и мораше да подигне кредит за да ги исплати обврските кон играчите.
Ел Мундо вели дека за ваквата ситуација влијание има и договорот на Лео Меси од 2017, кој тежи 555.237.619 евра бруто, или нешто над 138 милиони евра годишна плата која се состои од фиксен дел и бонуси.
Има и две премии, едната за потпис на документите од нешто над 115 милиони евра, и втора за лојалност од речиси 78 милиони евра.
Капитенот на Барселона веќе осигурал 92% од сумата, а Ел Мундо четиригодишната соработка која завршува на 30. јуни ја опишува како „Фараонскиот договор кој ја уништи Барселона“.