ЕМА ЗАГРИЖЕНА: Сојот „Му“ е новата „Делта“ 

4

Сојот „Му“ може да го надмине делта-сојот во својата заразност, а сè уште не се знае дали сегашните достапни вакцини ќе можат да одговорат на оваа мутација, пишува МИА.

Европската агенција за лекови ЕМА соопшти дека варијантата „Му“ позната и како Б. 1.621 е „причина за загриженост“.

Пред само осум дена, сојот „Му“ беше пронајден во соседна Грција.

– Сојот „Му“ потенцијално повеќе нѐ загрижува поради евентуалното зголемено имунолошко бегство кое може да го покаже – истакна на прес-конференција Марко Кавалиери, шеф на стратегијата за вакцинирање на ЕМА.

Она што претходно месецот беше класифицирано како „варијанта од интерес“, заедно со Ламбда-сојот идентификуван во Перу, полека почнува да станува главна преокупација на ЕМА. Сојот „Му“ беше првпат откриен во Колумбија, а оттогаш се познати пет мутации на истиот „Му“.

Регулаторот со седиште во Амстердам што тестира лекови за 27-члената ЕУ, ќе разговара со производителите на вакцини за ефикасноста на тековните лекови во справувањето со варијантата „Му“.

– Сепак, морам да кажам дека сè уште немаме податоци за да покажеме дека варијантата „Му“ се шири толку брзо и дали ќе има шанси да ја надмине мутацијата „делта“ како доминантен сој-објасни Кавалиери.