Енергетски хаос во Бугарија, “Булгаргаз“ бара повиски цени за 60 отсто

0

Бугарска гасна компанија „Булгаргаз“ ја доставила процената за поскапување на природниот гас предлагајќи во август да изнесува 297,89 лева (152,69 евра) по мегават-час (MWh), вели инфомацијата објавена на веб сајтот на компанијата.

Предлогот на “Булгаргаз“ представува покачување од 60 посто во однос на јулската цена од 186,17 лева (95,42 евра) по MWh.

Предложената цена по која “Булгаргаз“ го продава гасот до крајните потрошувачи и субјектитите кои поседуваат дозвола за производство и пренос на топлотната енергија не вклучува акцизи и ДДВ, се напоменува во текстот.

Причина за поскапувањето се високите цени по кои државната компанија го купува горивото.

Како за споредба, цената на европските пазари на гас за испорака во август 2022, надминала 171 евро за MWh, соопштија од “Булгаргаз“.

Регулаторната комисија во секторот за енергија и вода (EVRC) допрва треба да закаже јавна расправа за предлогот на “Булгаргаз“

Цената на гасот во Бугарија за август требала да биде одобрена, но на 21 јули.

Уставниот суд го прогласил за неуставно именувањето на сега веќе бившиот претседател на EVRC, Станислава Тодорова.

Собранието го вратило бившиот шеф Иван Иванов на чело на реголаторното тело за енергетика, се наведува во информацијата.