Во Јадранското Море во близина на Тирана е регистриран земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтерм соопшти Европскиот медитерански сеизмички центар (ЕМСЦ).
Потресот се случил на длабочина од 10 километри, со епицентар од 41 километар западно од главниот град и 27 километри северозападно од Драч.
Земјотресот е регистриран ноќеска во 00:13 часот.