„Епл“ не им дозволува на негативците во филмовите да користат „ајфон“

20

Компанијата „Епл“ не им дозволува на негативците во филмовите да користат „ајфон“ во сцените, открива режисерот Рајан Џонсон. Тој додава дека како резултат на забраната, користењето „ајфон“ може да им помогне на гледачите да ги сфатат вистинските мотиви на ликовите во филмот.

Џонсон го открил ова при промоцијата на неговиот последен филм „Нож в грб“. Тој додал дека Џејми Ли Куртис држела „ајфон“ во филмот и на тој начин гледачите може да проценат дали таа е добар или лош лик. Дозволувањето на „ајфоните“ на филм може да ги уништи мистериозните филмови бидејќи може да открие кој лик е херој, а кој негативец според тоа дали држи „ајфон“.