Ердоган до преговарачите на Русија и Украина: Време е за конкретни резултати

1

Посакувајќи им добредојде, Ердоган рече дека многу зависи од овие преговори. Тој посочи дека во „фер мир“ нема да има губитник и дека продолжувањето на конфликтот никому не му користи
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им се обрати на делегатите на Русија и Украина пред почетокот на мировните преговори во Истанбул.

Тој посочи дека Турција ги гледа и Путин и Зеленски како вредни пријатели. Ердоган рече и дека напредокот во преговорите во Истанбул може да го отвори патот за средба меѓу двајцата лидери на Украина и Русија.

Тој додаде дека Турција е подготвена да биде домаќин и на таа средба.

Ердоган, исто така, им рече на рускиот и на украинскиот преговарачки тим дека и двете страни имаат „легитимна загриженост“, но дека е дојдено до точка во која преговорите треба да дадат „конкретни резултати“.

Посакувајќи им добредојде, Ердоган рече дека многу зависи од овие преговори. Тој посочи дека во „фер мир“ нема да има губитник и дека продолжувањето на конфликтот никому не му користи.

„Во толку критично време, со задоволство ви посакуваме добредојде и сакаме да придонесеме во вашите напори за воспоставување мир“,рече турскиот претседател.

„Сакам нашите состаноци и разговори да се покажат како поволни за вашите земји, нашиот регион и за целото човештво“,рече тој.

Тој повика и на итен прекин на огнот и рече дека запирањето на оваа трагедија зависи од двете страни.