Ериксен со погодок дебитираше за Јунајтед, прв меч и за Мартинез!

0

Последните две засилувања на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен и Лисандро Мартинез, се најдоа во стартниот состав на „ѓаволите“ во денешниот пријателски меч против Вотфорд зад затворени врати, што беа први настапи за двајцата во дресот на новиот клуб.

Составот од „Олд Трафорд“ победил со 4-1, а стрелец на еден од погодоците бил токму данскиот репрезентативец. Мартинез, пак, се нашол во центарот на одбраната каде што партнер му бил Рафаел Варан.

Натпреварот се одиграл на тренинг-центарот Керингтон, а таму бил присутен и Кристијано Роналдо, кој, очекувано, не настапил на средбата.