Ерменија и Азербејжан одбиваат мировни преговори

6

Лидерите на Азербејџан и Ерменија го отфрлија предлогот за мировни преговори, обвинувајќи се едни со други за попречување на преговорите околу територијата Нагорно-Карабах.

Судирите во тој регион ескалираа во неделата, од кога загинаа повеќе десетици луѓе.

Ерменија соопшти дека еден од нејзините воени авиони во најновиот инцидент соборил борбен авион на азербејџанскиот сојузник – Турција, при што загина пилот. И Турција и Азербејџан го негираа тоа.

Меѓународната заедница со денови повикува на разговори за ставање крај на повеќедеценискиот спор меѓу двете поранешни советски републики.

И двете страни пријавија жртви, вклучително и цивили. И Ерменија и Азербејџан прогласија воена состојба и воена мобилизација.