ЕСМ продаде 3.390 мегават часови струја како ноќни вишоци од почетокот на месецов

2

Од почетокот на годината се произведени и продадени вкупно 3 390 мегават часови електрична енергија како ноќни вишоци, од кои 1 140 по цена од 103 евра по мегават час и 2 540 по цена од 98 евра по мегаватачас, информираше денеска владиниот соработник за енергетика Виктор Андонов, истакнувајќи дека тие количества се продадени во транспарентна постапка од страна на ЕСМ.

Енергетскиот биланс за вчерашниот ден покажува дека вкупното домашно производство на електрична енергија изнесува 16 579 мегаватчасови, од кои 11 325 од термоелектраните, а останатите се од обновливи извори на енергија. Со тоа производоство, вели Андонов, 100 проценти се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи како и потребите за дополнителни снабдувања за училиштата, прехранбената индустрија и други витални инфраструктури во државата.

– Електроенергетскиот систем во државата е стабилен и функционален. Во периодот што следува се најавени врнежи на снег и постудено време. Состојбата ќе ја следиме будно и навремено ќе се носат одлуки и соодветни мерки, рече Андонов на прес-конференција во Владата, апелирајќи повторно да се следат препораките за штедење и рационално користење на струјата.