ЕУ го крена нивото на ризик од коронавирусот на „високо“

5

Индонезија, Русија, Ирска, Португалија, Јордан, Исланд, Саудија Арабија и Андора – сите ги потврдија своите први случаи на заразени од коронавирусот.

Нивото на ризик дека ќе се заразите со коронавирус во Европа е зголемено на умерено на високо, откако глобалниот број на жртви надмина 3.000 и продолжува да расте.

„Вирусот се шири многу брзо“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, по последната процена од Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Неколку часа подоцна, Италија, која е трета по бројот на заразени во светот, соопшти дека бројот на починати од вирусот скокнал од 18 на 52.

Индонезија, Русија, Ирска, Португалија, Јордан, Исланд, Тунис, Сенегал, Саудиска Арабија и Андора ги потврдија своите први случаи, а Организацијата за економска соработка и развој предупреди дека глобалните стапки на економски раст може да бидат намалени.

Официјалните статистики покажуваат дека во рамките на ЕУ, европската економска област и Велика Британија, 2.199 луѓе досега се заразиле со вирусот ковид-19. Во целиот свет, се верува дека се заразени околу 89.000.

„Иако не треба да ѝ се предаваме на паниката, ситуацијата веројатно ќе се влоши“, рече европскиот комесар за справување со кризи, Јанез Ленарчич, за епидемијата што се развива.