ЕУ и Албанија во Тирана денеска одржаа Совет за стабилизација и асоцијација

3

ЕУ и Албанија денеска одржаа Совет за стабилизација и асоцијација во Тирана, а

на состанокот беше оценето дека Албанија постигнала напредок во реформите во правосудството, додека беше

заклучено дека треба да се зајакне борбата против корупцијата на високо ниво, јавија албанските медиуми.

Со состанокот претседаваше високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел и Оливер

Вархеји, комесар за проширување, а Албанија беше претставена од премиерот Еди Рама.

-Ова е првпат Советот да се состане во Албанија, на кој е акцентирана недвосмислената посветеност на Европската

унија за интеграција на Западен Балкан во ЕУ и процесот на преговори за пристапување на Албанија. На средбата се

разговараше за напредокот на Албанија во подготовките за ленство и во рамките на Договорот за стабилизација и

асоцијација и како дополнително да се интензивираат односите меѓу ЕУ и Албанија, соопшти Советот на ЕУ.

Во јули Албанија ги отвори преговорите за членство со ЕУ, а во овој период во тек е проверка на нејзиното

законодавство, процес кој ЕУ го поздрави.

-Со оглед на новата геополитичка реалност по руската агресивна војна против Украина, ЕУ ја подвлече важноста од

натамошно продлабочување на соработката за прашања од надворешната и безбедносната политика. ЕУ ја пофали

Албанија за нејзиното континуирано усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ,

вклучително и рестриктивните мерки на ЕУ по неиспровоцираната агресија на Русија против Украина. Ова е

силен израз на стратешкиот избор и местото на Албанија во заедницата на вредности. ЕУ, исто така, го пофали

активниот ангажман на Албанија како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН во промовирањето и одбраната

на меѓународниот поредок заснован на правила, соопшти Советот на Унијата.

Владеењето на правото беше една од важните теми. ЕУ ја охрабри Албанија да продолжи да работи на спроведувањето

на сите релевантни аспекти на основните кластери. „ЕУ ја пофали Албанија за добриот напредок постигнат преку

континуираната имплементација на сеопфатната реформа на судството, нагласувајќи ја потребата за понатамошен

напредок“, но исто така „подвлече дека напорите за воспоставување солидни резултати во борбата против

корупцијата и организираниот криминал мора да бидат засилено, вклучително и на високо ниво“.

Исто така, како што се наведува во соопштението, „ЕУ ја охрабри Албанија да ги усвои и спроведе мерките што

чекаат, особено во областа на малцинствата, слободата на изразување и слободата на медиумите, имотните права, како

и заштитата на личните податоци“.

-ЕУ ја поздрави добрата соработка во справувањето со заедничките миграциски и безбедносни предизвици и ја

охрабри Албанија да продолжи со напорите, вклучително и усогласување на својата визна политика со списокот на ЕУ

на трети земји задолжителни за визи. Таа ја подвлече важноста да продолжи да се решава прашањето за

неоснованите барања за азил на албанските граѓани“, се вели во соопштението.

ЕУ, исто така, потсети на важноста на пакетот енергетска поддршка од една милијарда евра за Западен Балкан (500

милиони грантови и 500 милиони заеми и гаранции), од кои 80 милиони евра за Албанија се наменети за заштита на

најранливите групи погодени од енергетската криза, особено компаниите, домаќинствата и малите и средни претпријатија

со подобрување на енергетската транзиција, безбедност и диверзификација.