ЕУ подготвува план како да го плати рускиот гас, но без да ги прекрши санкциите

4

Европската унија (ЕУ) подготвува план за увозниците на руски природен гас да избегнат кршење на санкциите против Русија и истовремено да го исполнат барањето на рускиот претседател Владимир Путин да платат во рубљи, пишува „Bloomberg“.

Според изворите на агенцијата, Европската комисија (ЕК) ќе ги повика компаниите увозници на гас јасно да стават до знаење дека ќе размислат за исполнување на обврските за плаќање на суровината штом ќе направат трансфери во долари или евра (како што е договорено). Брисел нема да им забрани на компаниите да отвораат сметка во долари или евра кај „Газпромбанк“, што ќе им овозможи да купуваат руски природен гас.

Но, во исто време, Брисел не кажува категорично дали отворањето на втора сметка, во рубљи ги прекршува европските регулативи. „Bloomberg“ потсетува дека досега институциите коментирале, но нема ништо официјално напишано дека отворањето сметка во рубљи во „Газпромбанк“ не е дозволено во режимот на санкции против Русија.

Според изворите на агенцијата, токму немањето на ова важно појаснување ги збунува членките на ЕУ и тие инсистираат на дополнителни дискусии на ниво на амбасадори во Брисел. Во оваа фаза, ЕК одбива да го коментира случајот.

Русија го прекина гасот за Бугарија и Полска кон крајот на април, бидејќи двете земји одбија да го исполнат барањето за исплата во рубљи. Според анализите на бугарските власти, ова барање крие ризици, а еден од нив е немањето контрола врз средствата, откако ќе се префрлат на една сметка во „Газпромбанк“ и пред да се претворат во друга. Руската страна го прифаќа плаќањето како валидно кога веќе е на сметката во рубљи и дури тогаш гасот се доставува до купувачот.

Повеќе од еден месец европските институции го анализираат барањето на Москва за плаќање во рубљи за рускиот природен гас, пишува „Bloomberg“. Агенцијата додава дека земјите од ЕУ се многу зависни од увоз на суровини и тешко е да се најдат алтернативи. Русија го оправдува своето барање со блокираните средства од страна на Западот на Централната банка.

До крајот на овој месец, повеќето плаќања за гас од земјите на ЕУ се чекаат и одлуката за случајот е од суштинско значење за испораката на гас во Европа, пишува „Bloomberg“.