ЕУ ќе се наврати на проширувањето пред Самитот на ЕУ во Загреб во 2020

9

Брисел, 18 октомври – Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск порача дека Европската Унија ќе се наврати на проширувањето пред Самитот во Загреб во мај наредната година, откако земјите членки не успеаја да постигнат договор за почеток на преговори со Северна Макеоднија и Албанија.

– Големо мнозинство членки на Европската Унија сакаат да бидат отворени пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Сепак, таквата одлука бара едногласност, а тоа вчера не беше постигнато. Да бидам јасен: Северна Македонија и Албанија не се виновни за ова, тие ги исполнија условите и се подготвени за отворање на преговорите. Тие се подготвени , но за жал неколку земји членки не беа. Затоа не успеавме да постигнеме позитивна одлука. Лично сметам дека тоа е грешка, но нема да го коментирам понатаму, изјави Туск.

Претседателот на Европскиот Совет на прес-конференцијата ги повика Скопје и Тирана да не се откажуваат.

– Денеска сакам да испратам порака до нашите македонски и алабански пријатели – ве молам не се отклажувајте. Целосно ја разбирам вашата фриуустрација, бидејќи заслуживте, а не добивте. ЕУ е комплелксен политички ентитет и вистина е дека некогаш носењето одлуки трае предолго. Но, апсолутно не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ, порача Туск.

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција кажа дека „многу жали“ што ЕУ не успеа да постигне консензус и посочи дека против биле Франција, Данска и Холандија.