Железничкиот сообраќај и натаму во прекин поради штрајк

6

Штрајкот на железничарите продолжи и денеска.

Штрајкот стартуваше вчера од страна на машиновозачите и помошник-машиновозачите во „ЖРСМ – Транспорт“ АД Скопје.

Со тоа, како што беше соопштено, не сообраќаат сите возови во патничкиот и товарниот сообраќај.

Машинскиот и извршниот персонал во „Железници транспорт“ бара исплата на материјалните трошоци, и на првиот дел од платата за февруари.

Вчера раководството на Железниците реагираше дека штрајкот на машинскиот персонал не бил писмено најавен и е незаконски.

Тие наведоа дека редовно им ги исплаќаат платите и надоместоците на вработените, иако Друштвото се соочува со намалени приходи, а во исто време и зголемени трошоци во однос на користење на електричната енергија и нафтата, што енормно ги зголемува вкупните трошоци во редовното работење.Раководството наведе дека „Железници на Република Северна Македонија“ на вработените им ја има во целост исплатено платата за јануари 2022 година.