Завеани без храна и огрев! Четиричлено семејство успешно евакуирано од Попова Шапка

46

Четиричлено семејство од Скопје успешно е евакуирано од нивната викендичка на Попова Шапка кадешто останале блокирани од обилните снежни врнежи.

Како што соопштуваат од СВР Тетово, вчера по пријавата добиена од Б.А. (35) од Скопје, дека со сопругата и двете малолетни деца се блокирани без струја, храна и огрев, полициски службеници од одделението Попова Шапка се упатиле кон пријавената локација за да ги евакуираат заробените лица. Во координација со локалната самоуправа, била искористена сета потребна механика за расчистување на патот. Откако лицата биле евакуирани, со автомобил на СВР Тетово, биле пренесени во нивниот дом во Скопје.