Заврши идентификацијата на сите 45 жртви од автобуската несреќа во Бугарија

8

Вчера заврши и транспортот на сите седум повредени патници, од кои шест се наши, а еден српски државјанин

Автобуска несреќа на македонски автобус во Бугарија / Photo: EPA-EFE/VASSIL DONEV
Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба во Бугарија, Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви од автобусот што се запали на автопатот „Струма“. Нивната идентификација е направена со ДНК профили.

Вчера, како што рече тој, со указ на јавниот обвинител, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Северна Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини.

Телата, како што беше најадено претходно, денеска со бугарски авион треба да бидат пренесени во земјава. Од Меѓународниот аеродром преку државен протокол ќе им предадени на семејствата.

Вчера заврши и транспортот на сите седум повредени патници, од кои шест се наши, а еден српски државјанин.

Несреќата во која загинаа 45, а седум лица беа повредени се случи во раните утрински часови на 23 ноември кога тие со автобус на агенцијата „Беса транс“, преку Бугарија, се враќаа од тура во Истанбул.