Заврши најкрвавата битка во Украина, Азовстал под руска контрола (ФОТО)

0

Украинската армија соопшти дека работи на евакуација на сите преостанати војници од фабриката за челик.

„Врховната воена команда им нареди на командантите на трупите стационирани во Азовстал да ги спасат животите на луѓето“, се додава во соопштението.

Се претпоставува дека околу 600 војници биле во фабриката за челик, но не е јасно колку точно останале.

„Се надеваме дека ќе можеме да ги спасиме животите на нашите момци“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање.

Околу 53 ранети украински војници, кои доцна синоќа со автобус беа евакуирани од челичарницата, пристигнаа во градот Новоазовск под руска контрола.

Новоазовск е на околу 50 километри источно од Мариупол, а војниците се префрлени во тамошната болница.

Други 211 лица биле однесени во Оленивка, околу 80 километри на север.

Тие ќе бидат разменети со руски воени заробеници за да се вратат дома, соопшти Министерството за одбрана на Украина.

Непознат број војници останале во челичарницата.