ЗАД МАДИЊАТА НА ОВЕНОТ ВО ПОЛИТИЧКИОТ ЌЕНЕФ

322

 

 

Македонија никогаш нема да може, или барем не во догледно време да има татко на нацијата. Една од клучните причини е што тој не може да биде ‘‘ ем Турчин ем Каур‘‘! Претседател има, и тој е декларативно татко на нацијата, ама сето тоа е празни приказни за мали деца. Од кој поранешен претседател видовме некаков ќар за иднината на Македонија. Сите они отидоа во историјата со доживотна пензија, и сите привилегии. Причината е едноставна. Нема нација која за себе смета дека е темелот на изградба на држава

 

Од Агим ЈОНУЗ

Во една од колумните минатата година прашав дали ја знаете онаа стара албанска приказна ‘‘мас кочет е дашит‘‘?  ( мкд / зад мадињата на овенот) Не,.. е па, си била некоја гладна лисица која трчала зад овенот, затоа што мислела дека секој момент ќе му паднат мадињата што се клателе, па така се занела зад него трчајки и завршила у селото каде што ја утепале. “Ај сега ке му паднат тука,.. ај сега тука‘‘! Отишла јабана. Ја утепале селаните! Така и нашиот народ кој трча зад ветувањата на политичарите, а тие пак зад нивните лидери. Тепаниот тепан, а велат  ‘‘ ебаниот ебан’’!

Тука не знаеш кој е лисицата, кој е овенот, ама сигурно знаеш дека на крај утепан е народот. Секој трча зад оној што нешто ветува или зад оној што мислиш дека ке те однесе до вистинската врата на иднината. А, иднината барем онаа блиската, не бара посебен диоптер за да се види дека е трагична. Барем ако бродот продолжи да плови по овој правец и оваа брзина. Во Македонија не се изнајде сеуште некаков ‘‘заенички лидер‘‘ кој ке биде реален претставник на вољата на народот. Народот со својата поделеност не дозволи да се отвори пат кон создавање на ‘‘конститутивен патриотизам‘‘ што подразбира сите заедно да имаат само една цел и задача, а тоа е изградба на здрава држава на која можеш да се потпреш и во добро и во зло. Наместо тоа, имаме неколку лидери, со неколку филозофии, а сето тоа на крај резултира со неколку бизниси. Никому бизнис од тој аспект не е ‘‘државата‘‘ туку владеењето во радиуси кои гарантираат контрола на бизнисите и контролата на теренот. Македонија е мала земја во која бројот на населението е само еден мал дел од она што еден лидер во големите држави има само во своите редови. Поделена по сите можни основи, не остави место да се изнајде едно лице кое ке ја поведе државата напред, а зад него да застанат сите или најголемиот дел, кој ке му верува и ке го почитува. Ниту претседател, ниту премиер ниту бутур не се изнајде зад кој безрезервно ке застане маса на која нема да и биде битен етничкиот елемент. Етничкиот пред се! Македонците колку и да се ‘‘ космополити‘‘ неможат ни да замислат Македонија да ја води Албанец. Се појавија неколку ликови кои имаа можност навистина да бидат носители на историјата, ама сите тие завршија така што денес кога шетаат по улица, никој дури и не ги препознава. Дали е баш така! Да!,.. така е! Зошто! Едноставно, како кој дојде си го отвори газот за некое евро. Е, каде е мајсторијата? Па мајсторијата е во тоа што како кој го товарел магарето, не оставил ниту една трага зад себе. Само ‘‘ чаршиски муабет‘‘ во кој немаш чврсти докази. И така, неколку ‘‘лидери‘‘ во времето зад нас кои ветуваа дека кога ке дојдат на власт ‘‘мамата ке му ја расплаче на претходниот‘‘ , завршија во народната поговорка ‘‘ чавка на чавка очи не и вади‘‘! Кој разбрал разбрал!

Од самиот почеток на независната инсталација наречена Република Македонија, не се постави здрав критериум за тоа кој смее да се бави со политика и воопшто со јавна функција. На почетокот сите се вадеа на податокот дека секоја млада држава мора да помине низ ‘‘ детски болести‘‘. Арно ама, и после триесет години, државата сеуште е една голема ‘‘ педијатрија‘‘ во која перманентно некој наместо да практикува политика, едноставно си игра и вежба демократија. Наместо да се гради еден сериозен инструмент, беше и остана ‘‘ детска градинка‘‘ во која единственото оправдување за тоа зошто државата е ‘‘ укакана‘‘ е податокот дека сме млада држава. Алооо ова не е веќе педијатрија, ова е Психијатрија. Етноцентризмот и етнотриумфализмот се карциномот на оваа држава. Додека на едните по секоја цена им е задача да покажат дека они се носители на државноста, а имаат сериозен проблем со меѓународната комуникација во докажувањето дека историјата не е ‘‘крадена роба‘‘ на другите им е битно по секоја цена да имаат премиер и да докажат дека се ‘‘фраери‘‘ ! Државата ниту од едните, ниту од другите  како такви нема никаков ‘‘хаир‘‘се додека не се создаде консензус за заеднички интерес. На албанската страна податокот дека албанец би бил премиер на владата се смета дека е некаква победа. Победа над што!? Што има популацијата како целина од тоа? Подобар живот? Повисок стандард? По здрава држава? Не! Само победа на етноцентризмот како модел на практикување на политиката во затворен круг на гласачи. Што има државата ќар од тоа? Да,.. би имала како и досега што имала ‘‘ КОЧЕТ Е ДАШИТ‘‘  ( мадињата од Овенот)!  Да му се вратиме на насловот на колумната и да дадеме одговор зошто во оваа држава очигледно ‘‘ нема маж‘‘ кој ке биде прикладен на сите. Како прво, не кај албанците, туку и кај македонците не е доволно развиено чувството на државност. Релацијата држава – граѓанин е доведена на ниво на индифенернтност. Ајде ке речеш Албанците  си имаат своја приказна па им се дава можност за разни опции. Ама македонците!? Нивниот несериозен пристап кон државата!? Поделеноста по основ на ‘‘кој е поголем патриот‘‘ направи голема штета на изградбата на реалната релација и емоција кон државата како поим. Етноцентристичкиот модел на практикување на политиката создаде зид. Чија е државата!? Ако гледаме реално, ниту македонците, ниту албанците немаат свој ‘‘татко на етносот‘‘, а со самото тоа консеквентно не може да се изроди и ‘‘татко на демосот‘‘. Малата современа историја на Македонија може слободно да ја поделиме на временски периоди во кој секој од наведените ја прокоцкал својата шанса да биде ‘‘татко‘‘. Поминаа неколку фази. Љупчовизам, Бранковизам, Груевизам, Заевизам, а во меѓувреме се појавуваше по некој лик кој не успеа да остави белег. Единствениот човек кој перманентно е во фокусот и во врвот е Али Ахмети. Но, апсурд е да говориме дека Али Ахмети е таткото на нацијата или некаков лик кој е прифатлив за двете страни. Дури, ако бидеме уште поискрени и прецизни, единствениот лик кој точно и прецизно ( беше до скоро) во власта беше Амди Бајрам. Аллах рахмет олсун. Во математиката има една фраза која се вика ‘‘пресек / процентуалност‘‘, така да ако се земе пресекот на политичката рошомонијада на Македонија за триесет години, не знам зошто во мојата глава се смешка Амди Бајрам!  Политиката во Македонија триесет години е Амди Бајрам! Нека почива во мир, за покојниците се најубаво.

На оваков начин, Македонија никогаш нема да може, или барем не во догледно време да има татко на нацијата. Една од клучните причини е што тој не може да биде ‘‘ ем Турчин ем Каур‘‘! Претседател има, и тој е декларативно татко на нацијата, ама сето тоа е празни приказни за мали деца. Од кој поранешен претседател видовме некаков ќар за иднината на Македонија. Сите они отидоа во историјата со доживотна пензија, и сите привилегии. Причината е едноставна. Нема нација која за себе смета дека е темелот на изградба на држава.  Македонија не успеа да изгради нација. Држава каква таква – да,.. ама нација јок! Швајцарија е нација, иако е културолочки поделена на Германци, Французи, Италијани и гастарбајтери. Ние имавме шанса да имаме нација, ама кому е потребна нација во време на внатрешни национал-романтистички приказни. Таа шанса сеуште не е изгубена, ама пристапот кон државата мора да се промени тотално. Тоа што е нај веројатно, е податокот кој вели дека додека ние изградиме нација, на запад тие ке изумрат. Европа со своето постоење ке прејде во ‘’Европејци‘‘ по системот на Америка во која се сите Американци.  Јас велам,.. ‘‘ете не мора сите да сме Македонци‘‘ и знам дека со овој ментален склоп и политика уште долго етноприпадноста ке биде политички бизнис, ама, барем сите ние да се согласиме дека кога зборуваме за државните интереси, за заборавиме кои сме и што сме за добро на заедничката куќа кја ја градиме.  А, формулата е многу едноставна. Се додека има внатрешни национални ветрови, нема да има заеднички фронт. Државата бара љубов, посветеност и лојалност од сите свои елементи.Таа вели ‘‘ јас не познавам кој е Хасан кој е Петко‘‘. За мене сте сите исти додека плакјете данок и додека секој се труди да биде користен за системот.  Оваа држава кога и да е, ке мора да се соочи со еден сериозен ресет на менталниот склоп на населението. Во тој ресет клучна ке биде ориентацијата кон економско-социјалниот момент. Народ кој е задоволен од функционалноста на системот ја сака својата држава. Таа алка е непостоечка во Македонија. Затоа нема ни љубов, ниту почит кон неа. Затоа и нема човек кој ке застане во името на сите. Нема ‘‘МУЖ‘‘! А што е најстрашно, и да стане некој да сака да го поведе народот во заедничка борба за ‘‘здрава држава‘‘ ќе му ебат мамето мамино актуелните политичари кои својот газ го залепиле за кожните фотељи со ‘‘железен‘‘ лепак.

Се појавија декларативно многу, ама паднаа на испитот. На две третини од политичката сцена и сметаат конструктивни ликови, затоа што тие ќе треба веднаш да исчезнат од политичката сцена. Не им се совпаѓа во ‘‘ есапот‘‘.  На Македонија дефинитивно треба да и се направи ‘‘прочистување на крвта‘‘, да се сменат генерациите кои седат во парламентот и кои размислуваат со законите на иднината а не на минатото. Законите на минатото се книги натопени во крв, срам и во беда. И пермаанентен глад. Иднината вели дека се соочуваме со со сили кои не прашуваат кој како се вика. Глобално затоплување, катастрофи, пандемии, економски удари од сите страни, суши и глад. Средновековното водење на племенсо-политичка приказна никого нема никаде да однесе.Јас сум потполно свесен дека делувам наивно, дека она што го зборам е романтика. Не! Јас само сакам да кажам дека на овој начин не само што ‘‘трчаме во место‘‘, туку и часовникот на современото време врти многу побрзо од тоа што ние можеме да следиме.  Балкан. Навикнати сме ние да бидеме во сопствениот смрад на дното во кое живееме. Чекаме да не спаси и да не нахрани Европа. Ние сме како циганчињата на раскрсница кои чекаат некој да му фрли нешто. Ајвани кои во рацете имаат земја од која некој може да направи чудо. Ние правиме ќенеф во кој се давиме доброволно. И додека чекаме Европа да не спасува, сите ке завршиме како лисицата од приказната ‘‘ мас кочет е дашит‘‘. А после ке биде касно. Додуша, дали заслужуваме нешто подобро? Хајвани си се Хајвани! Вака ни е убаво! Мокар од вода не се плаши!

ООО ЏЕМААТ! … ОД МЕНЕ ХАЛАЛ ОЛСУН! .. Ако ти е тебе добро вака, седи си така на дното, пиј чај по чајџилници и кажувај приказни за ‘‘Хазрети Хасан‘‘! Раскажувај што рекол Хоџата што е Халал а што е Харам. Харам е да не преземаш ништо.  ‘‘До гуша со во Харам‘‘!  Тие што го натовариле магарето со пари не се секираат, затоа што барем за леб нема да размислуваат, ама тие се само еден мал процент. Ти си народот! А, народот у сите комбинации е со спуштени гаки, наведнат и со празен стомак може само да ја пее онаа народната песна ‘‘Чоу Реџо, Чоу Гјало‘‘!  МРШ ДОМА, што би рекле босанците ‘‘ЈЕБЕМ ЛИ ТЕ УГЛАВУ СМОТАНУ’’!

(АПСОЛУТЕН РЕСПЕКТ КОН РЕАЛНИ ВЕРНИЦИ И ПОСТАРИ ЛУЃЕ / белешка на авторот)

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)