Зад мадињата на овенот

226

Балкан. Навикнати сме ние да бидеме во сопствениот смрад на дното во кое живееме. Чекаме да не спаси и да не нахрани Европа. Ние сме како циганчињата на раскрсница некој дад му фрли нешто. Ајвани кои во рацете имаат земја од која некој може да направи чудо. Ние правиме ќенеф во кој се давиме доброволно. И додека чекаме Европа да не спасува, сите ке завршиме како лисицата од приказната “мас кочет е дашит”

Од Агим ЈОНУЗ

Дали ја знаете онаа стара албанска приказна “мас кочет е дашит”? Не,.. е па, си била некоја гладна лисица која трчала зад овенот, затоа што мислела дека секој момент ќе му паднат мадињата што се клателе, па така се занела зад него трчајки и завршила у селото каде што ја утепале. “Ај сега тука,.. ај сега тука”! Отишла јабана.

Така и нашиот народ кој трча зад ветувањата на политичарите, а тие пак зад нивните лидери. Не знаеш кој е лисицата, кој е овенот, ама сигурно знаеш дека на крај утепан е народот. Секој трча зад оној што нешто ветува или зад оној што мислиш дека ке те однесе до вистинската врата на иднината. Ајде да анализираме дали оваа држава имала, има или допрва ке има вистински лидер, кој ке ја пишува реално историјата, а не само како досегашните да одигра епизодна улога и да исчезне во историјата.

Македонија е мала земја во која бројот на населението е само еден мал дел од она што еден лидер во големите држави има само во своите редови. Поделена по сите можни основи, не остави место да се изнајде едно лице кое ке ја поведе државата напред, а зад него да застанат сите или најголемиот дел, кој ке му верува и ке го почитува. Ниту претседател, ниту премиер ниту бутур не се изнајде зад кој безрезервно ке застане маса на која нема да и биде битен етничкиот елемент. Се појавија неколку ликови кои имаа можност навистина да бидат носители на историјата, ама сите тие завршија така што денес кога шетаат по улица, никој дури и не ги препознава. Дали е баш така! Да!,.. така е!

Од самиот почеток на независната инсталација наречена Република Македонија, не се постави здрав критериум за тоа кој смее да се бави со политика и воопшто со јавна функција. На почетокот сите се вадеа на податокот дека секоја млада држава мора да помине низ ” детски болести”. Арно ама, и после триесет години, државата сеуште е една голема ” педијатрија” во која перманентно некој наместо да практикува политика, едноставно си игра и вежба демократија. Наместо да се гради еден сериозен инструмент, беше и остана ” детска градинка” во која единственото оправдување за тоа зошто државата е ” укакана” е податокот дека сме млада држава. Алооо ова не е веќе педијатрија, ова е Психијатрија.

Етноцентризмот и етнотриумфализмот се карциномот на оваа држава. Додека на едните по секоја цена им е задача да покажат дека они се носители на државноста, на другите им е битно по секоја цена да имаат премиер. А, државата ниту од едните, ниту од другите немаат никаков “хаир”се додека не се создаде консензус за заеднички интерес. На албанската страна податокот дека албанец би бил премиер на владата се смета дека е некаква победа. Победа над што!? Што има популацијата од тоа? Подобар живот? Повисок стандард? По здрава држава? Не! Само победа на етноцентризмот како модел на практикување на политиката во затворен круг на гласачи. Што има државата ќар од тоа?

Дека нема државата ќар од македонците веќе гледаме цели триесет години. До каков заклучок не доведува сето ова? Одговорот е едноставен. Апсолутно е небитно од кој етникум ке биде премиерот. Битно е каква е државата и како таа функционира. Ако мене лично ме прашате, мене сеедно би ми било и Тунгузиец да ми биде премиер. Мене ми е битно социјалното секојдневие.

Да му се вратиме на насловот на колумната и да дадеме одговор зошто во оваа држава очигледно ” нема маж” кој ке биде прикладен на сите. Како прво, не кај албанците, туку и кај македонците не е доволно развиено чувството на државност. Релацијата држава – граѓанин е доведена на ниво на индифенернтност. Поделеноста по основ на “кој е поголем патриот” направи голема штета на изградбата на реалната релација и емоција кон државата како поим. Етноцентристичкиот модел на практикување на политиката создаде зид. Чија е државата!? Ако гледаме реално, ниту македонците, ниту албанците немаат свој “татко на етносот”, а со самото тоа консеквентно не може да се изроди и “татко на демосот”.

Малата современа историја на Македонија може слободно да ја поделиме на временски периоди во кој секој од наведените ја прокоцкал својата шанса да биде “татко”. Поминаа неколку фази. Љупчовизам, Бранковизам, Груевизам, Заевизам, а во меѓувреме се појавуваше по некој лик кој не успеа да остави белег. Единствениот човек кој перманентно е во фокусот и во врвот е Али Ахмети. Но, апсурд е да говориме дека Али Ахмети е таткото на нацијата или некаков лик кој е прифатлив за двете страни. Дури, ако бидеме уште поискрени и прецизни, единствениот лик кој точно и прецизно ( беше до вчера) во власта беше Амди Бајрам. Аллах рахмет олсун.

Македонија никогаш нема да може, или барем не во догледно време да има татко на нацијата. Претседател има, и тој е декларативно татко на нацијата, ама сето тоа е празни приказни за мали деца. Причината е едноставна. Нема нација. Македонија не успеа да изгради нација. Држава каква таква – да,.. ама нација јок! Швајцарија е нација, иако е културолочки поделена на Германци, Французи, Италијани и гастарбајтери. Ние имавме шанса да имаме нација, ама кому е потребна нација во време на внатрешни национал-романтистички приказни. Таа шанса сеуште не е изгубена, ама пристапот кон државата мора да се промени тотално. Тоа што е нај веројатно, е податокот кој вели дека додека ние изградиме нација, на запад тие ке изумрат.

А, формулата е многу едноставна. Се додека има внатрешни национални ветрови, нема да има заеднички фронт. Државата бара љубов, посветеност и лојалност од сите свои елементи.Таа вели ” јас не познавам кој е Хасан кој е Петко”. За мене сте сите исти додека плакјете данок и додека секој се труди да биде користен за системот.  Оваа држава кога и да е, ке мора да се соочи со еден сериозен ресет на менталниот склоп на населението. Во тој ресет клучна ке биде ориентацијата кон економско-социјалниот момент. Народ кој е задоволен од функционалноста на системот ја сака својата држава. Таа алка е непостоечка во Македонија. Затоа нема ни љубов, ниту почит кон неа. Затоа и нема човек кој ке застане во името на сите. Нема “МУЖ”!

Се појавија декларативно многу, ама паднаа на испитот. На две третини од политичката сцена и сметаат конструктивци, затоа што тие ќе треба веднаш да исчезнат. Не им се совпаѓа во ” есапот”. На Македонија дефинитивно треба да и се направи “прочистување на крвта”, да се сменат генерациите кои седат во парламентот и кои размислуваат со законите на иднината а не на минатото. Законите на минатото се книги натопени во крв, срам и во беда. Иднината вели дека се соочуваме со соили кои не прашуваат кој како се вика. Глобално затоплување, катастрофи, пандемии, економски удари од сите страни, суши и глад. Средновековното водење на племенсо-политичка приказна никого нема никаде да однесе.Јас сум потполно свесен дека делувам наивно, дека она што го зборам е романтика. Не! Јас само сакам да кажам дека на овој начин не само што “трчаме во место”, туку и часовникот на современото време врти многу побрзо од тоа што ние можеме да следиме.

Балкан. Навикнати сме ние да бидеме во сопствениот смрад на дното во кое живееме. Чекаме да не спаси и да не нахрани Европа. Ние сме како циганчињата на раскрсница некој дад му фрли нешто. Ајвани кои во рацете имаат земја од која некој може да направи чудо. Ние правиме ќенеф во кој се давиме доброволно. И додека чекаме Европа да не спасува, сите ке завршиме како лисицата од приказната “мас кочет е дашит”. А после ке биде касно. Додуша, дали заслужуваме нешто подобро? Хајвани си се Хајвани! Вака ни е убаво! Мокар од вода не се плаши!

ООО ЏЕМААТ! … ХАЛАЛ ОЛСУН! .. ” Остани џубре до краја”!… како пее Бора Чорба!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)