Заев во Брисел на средби со Хан, Сасоли и Туск

6

Скопје, 16 октомври – Премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, попладне ќе остварат средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Заев потоа ќе има средба со претседателот на Европскиот парламент, Давид Марија Сасоли и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Во текот на утрешниот ден, премиерот Заев ќе оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија, Франс Тимерманс.