Заев: Максим го знае статутот на СДСМ, сам одлучи да биде исклучен од партијата

8

Премиерот Зоран Заев за прв пат ја искоментира одлуката на Максим Димитриевски да оди независно на локални избори како кандидат за градоначалник на Куманово и рече дека по автоматизам таквата одлука, според статутот на СДСМ, значи исклучување од владеачката партија.

Претседателот на СДСМ додаде дека самата партија му овозможила на градоначалникот на Куманово да направи политичка кариера и дека формално ќе биде исклучен на следниот централен одбор на партијата.

– Максим тргна против Максим. На централен одбор треба да го констатираме тоа што Максим го направи. Тоа го знае Максим, Статутот не е од сега направен. Однапред се познати правилата.

Статусот е јасно достапен, претпоследниот е изменет со етички кодекс каде се даваат сите права и слободи, но и одговорности. СДСМ е исклучително демократска партија, која своите одлуки не ги носи врз основа на ставови на поединци. Таму е јасно дека ако се спротивставите на СДСМ, не можете да бидете член на СДСМ. Инаку може да се изразува незадоволство и спротивставени ставови, дури и ако тие не се согласуваат со оние на највисокото раководство, рече Заев.

Тој очекува кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски, да го победи Димитриевски на 17 октомври.

– Во Куманово ќе победи тој што 30 години по ред победувал, а тоа е СДСМ. Не доминирала никогаш личноста, туку социјалдемократијата била водечка нишка. Олиовер Илиевски е секретар на СДСМ Куманово и имаме шанса уште во првиот круг да ја залужиме победата, прогнозира Заев.

За протестот во Радовиш, каде незадоволство изразија приврзаниците на актуелниот градоначалник Герасим Конзулов, поради промоцијата на Коле Чаракчиев од СДСМ, Заев вели дека секој има право на протест, но анкетите покажале дека треба да има промена на понудата.

– Слободно е изразувањето на незадоволство и протест. Ние водиме грижа за изразот за незадоволство но, кога ќе видите во истражувањата дека повеќе од 60 отсто велат дека не заслужува да биде реизран еден кандидат, тогаш имате јасен сигнал дека треба да настапите со друг кандидат, искоментира премиерот.