Заев: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум за преговори

19

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Солун.
Премиерот Зоран Заев по неговата средба со грчкиот премиер изјави дека Мицотакис рекол дека ќе се бори за Македонија конечно да го добие датумот за преговори.

– Имплементацијата на Преспанскиот договор треба да иде со позитивната и предвидена динамика . Буквално по ова прашање фокусот ни беше на Европскиот Совет, одлуката на Европскиот совет, имав прилика да добијам од прва рака информација како се дискутирало, кои се очекувањата, но мене ми е многу драго што премиерот на пријателска Република Грција ќе се бори за нашата земја, за да конечно го добие датумот за преговори. Секако премиерот ми образложи детално кои се неговите активности, кои се неговите планови, како да ги направи да ни биде од помош, рече премиерот Заев.

Тој на неговата средба изјавил дека зборувале и за граничните преминии за преминот Маркова нога.