Заев му посака на Спасовски да продолжи да ги совладува предизвиците во Мвр

13

Новиот премиер Зоран Заев утринава и официјално ја презеде функцијата од техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој се враќа во Министерството за внатрешни работи, и му посака плодна соработка и продолжување на совладување на предизвиците во ресорот.

„Посакувајќи му успешна работа на функцијата министер за внатрешни работи, премиерот Заев на Спасовски му посака плодна соработка и продолжување на совладување на предизвиците во ресорот, како и активно учество во работата на Владата во донесување на политики од интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија, се вели во владиното соопштение.

Заев му се заблагодари на Спасовски и на членовите на техничката влада за успешната работа во изминатите девет месеци, додавајќи дека дека таа влада храбро успешно се справи со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.