Заев најавува укинување на седумте министри без ресор

23

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најавува укинување на сите седум министри без ресор.

Тој ова ветување го објави на Фејсбук по вчерашната трибина што коалицијата „Можеме“ ја одржа во скопската општина Шуто Оризари.

„Ги укинуваме кабинетите на сите 7 министри без ресор во новата, уште подобра Влада предводена од СДСМ и коалицијата ’Можеме‘. Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна Влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани“,наведува Заев.

Тој на Ромите им вети и посебен буџет.

„Посебен буџет ќе има за ромската заедница, за да може квалитетот на живот да го подигнеме, државата мора да биде мајка на сите“,

рече Заев.