Заев на средба со Столтенберг во Брисел, половина година по зачленувањето на С Македонија во НАТО

10

Во придружба на премиерот се министерката за одбрана Радмила Шекеринска и новиот шеф на дипломатијата Бујар Османи
Македонскиот премиер Зоран Заев, денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на Јенс Столтенберг, половина година откако Северна Македонија и официјално стана членка на Алијансата, во време на техничката влада и во почетоците на епидемијата на ковид-19 во Европа.

Заев е придружуван од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и од шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Предвидено е по разговорите, Столтенберг и Заев попладне да одржат заедничка прес-конференција.

Македонија во март годинава стана 30 полноправна членка на Северноатлантската алијанса, откако, во февруари 2019 година, амбасадорите на земјите членки на Алијансата во Брисел го потпишаа пристапниот Протокол, по постигнувањето и имплементирањето на Преспанскиот договор со Грција.

Посетата на македонската делегација во седиштето на НАТО во Брисел доаѓа ден по посетата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Скопје, откако беше објавен Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, а во очекување на првата меѓувладина конфеенција до крајот на годинава, како вовед во почетокотна преговорите за полноправно членство во Унијата.