Заев: Немаме друга алтернатива освен ЕУ

11

Верувам дека новата методологија за проширување на ЕУ ќе има фер пристап и ќе се заснова на мерит систем. Наш главен мотив и натаму е членство во ЕУ и немаме алтернатива. Сѐ што зависи од нас ќе биде реализирано како и досега.

Ова го напиша вчера на Фејсбук лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Ова беше тема на разговорот со еврокомесарот за соседска политика и за проширување, Оливер Вархеји. Европската комисија отсекогаш била искрен и силен сојузник на Република Северна Македонија во процесот на евроинтеграциите. Отпочнување на преговори со Северна Македонија ќе значи и позитивен сигнал за целиот наш регион, вели Заев.