Заев: Не очекувам блокада од Бугарија за ЕУ

32

Премиерот Зоран Заев, останува оптимист дека Бугарија нема да застане на патот кон почеток на преговорите за членството на Македонија.

И покрај информации дека официјална Софија дала коментари на нацрт преговарачката рамка со кои бара добрососедството да се третира како суштинско прашање и да биде во кластерот поглавја, кои први се отвораат а последни се затвораат.. Дополнително, бараат македонскиот јазик да не биде дел од рамката, а наместо тоа да стои официјален јазик..

Заев повторува дека дека идентитетските прашања, македонскиот јазик и народ се право на самоопределба што не може да се оспорува.

„Бугарија е европска земја и верувам дека во самите разговори, во самите документи е заради нивните напори, амбиции и оправдани желби да се најде заедничкото решение на заедничкото чествување на Гоце Делчев. Никако не очекувам да имаме пречки во тој дел заради тоа што дефинитивно од почетокот до ден денес Бугарија е еден од најголемите, ако не и најголем поддржувач на Република Македонија во интеграциите во ЕУ. Бугарскиот народ сака да помогне на македонскиот народ, македонскиот народ сака пријателски да биде определен кон бугарскиот народ и така ќе се движат и самите политичари или институции соодветно на желбата за пријателство и за уште поголема соработка“, рече Заев.

На ставовите на официјална Софија, промовирани преку т.н. објаснувачки меморандум, денеска преку отворено писмо се спроиовстваија и 30-тина угледни бугарски интелектуалци.. Во писмото насловено „Европа не не’ разбира“ , порачуваат дека тезите во меморандумот се застарени сфаќања и изнесува неодржливи и наивни тврдења спротивни на принципите и вредности врз кои што е изградена Европската Унија.

„Не сметаме дека процесот на формирање на македонската нација, по се’ специфичен, се разликува од патот по кој што се формирани и другите нации, ниту сметаме дека тој може да се сведе на формулата од Меморандумот за „етнички и јазичен инжинеринг“. Се спротивставуваме на поедноставеното претставување на македонската нација како плода на југословенска пропаганда“, се наведува во писмото.

Спорните историски прашања во македонското бугарските односи, како идентитетот на Гоце Делчев, се на дневен ред на состанокот на мешовитата историска комисија која според најавите ќе одржи на средината од овој месец.