Заев поднесе оставка како премиер и лидер на СДСМ

43

Премиерот Зоран Заев поднесе оставка како премиер и лидер на СДСМ по денешниот втор круг од локалните избори. Пред да каже дека поднесува оставка, тој им честиташе на противниците на победата на локалните избори.

„Во името на СДСМ им ја честитам на нашите опоненти победата на овие локални избори. Ја преземам одговорноста заклучно со резултатите на вие избори. Поднесувам оставка како премиер и претседател на СДСМ“, изјави Заев на прес-конференција.

„Останувам на старото, не треба да има вонредни парламентарни избори. Ќе останам периодов додека треба, да се организира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има, а може и да се прошири“, додаде Заев.