Заев: Само одморен човек е ефикасен, јас ќе користам десет дена годишен одмор

11

Социјалдемократ сум и правото на одмор е вистинско право, затоа што одморен човек и работник, па и пратеник може да биде поефикасен, изјави премиерот Зоран Заев како коментар на предлогот на Демократскиот сојуз (ДС) – пратениците и министрите во текот на јули и август да работат наместо да одат на одмор.

– Можеби не мора цел август да биде одмор. Обично после Илинден парламентот заминува на одмор, можеби помалку, но парламентот е над владата и над мене како премиер, јас не би си дозволил да ги коментирам нивните одлуки. Како ќе одлучат тие, ќе почитувам. Јас ќе користам 10 дена годишен одмор, дециден е Заев.