Заев телефонски разговарал со Борисов: Одговорите на спорните прашања се во договорот за добрососедство

15

Премиерот Зоран Заев имал телефонски разговор со неговиот колега од Бугарија, Бојко Борисов при што Заев се заблагодарил за честитките на Борисов за реизборот за лидер на СДСМ, а тој пак му посакал успех на изборите во Бугарија.

„Се согласивме дека одговорите на прашањата што се отворија меѓу нашите две земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство.Заеднички споделивме дека поскоро треба да дојдеме до решенијата кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека во минатото на нашите две земји има основа на која треба да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ“, напиша Заев на Фејсбук.