Заев: Ќе ја разгледам иницијативата за ратификација поднесена од ВМРО-ДПМНЕ

11

Премиерот Зоран Заев по враќањето од Самитот на НАТО во Лондон денеска изјави дека ќе ја разгледа иницијативата поднесена до Владата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која бара во најскоро време во Собранието да се достави предлог-законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членство во НАТО.

Во однос на автентичното толкување, со кое вчера собраниската комисија одлучи да не го толкува членот 11, Заев рече дека по оваа материја треба да постапува Уставниот суд.