Заедничкиот живот ќе го започнат на спектакуларен начин: Бен Афлек и Џеј Ло платиле 50 милиони долари за овој имот

0

На ред дошол најголемиот чекор откако Џенифер Лопез и Бен Афлек ја обновија романсата – купување и вселување во заеднички дом.

Најпопуларниот холивудски пар, Бен Афлек и Џенифер Лопез, кои фановите ги нарекуваат Бенифер, на почетокот на мај 2021 година предизвикаа лавина коментари откако јавно признаа дека повторно се заедно, по речиси 20 години разделба. Смирувањето на славниот пар воодушеви милиони нивни обожаватели ширум светот, а секој нивен чекор од обновата на романсата привлекува големо внимание во медиумите, меѓу папарацо фотографите и публиката.

Сепак, сега дошол на ред еден голем чекор кој треба да го направат – веројатно и најголемиот откако ја обновија врската.

Како што пренесуваат странските медиуми, Бен и Џенифер купиле спектакуларен имот во Бел Ер, а за новата вила платиле неверојатни 50 милиони долари.


Парот одлучил да купи имот од 1.800 метри квадратни на кој се наоѓаат 10 спални соби, 17 тоалети, но и домашно кино, теретана, неколку кујни, базен…

Самиот влез до куќата е неверојатен и различен – изграден во кружен модел и делува баш како во сите вили од холивудските филмови кои им припаѓаат на американските богати семејства.

Ентериерот на куќата сè уште не е фотографиран, но се наведува дека е класичен и луксузен, со многу злато, но и беж нијанси. Исто така се наведува и дека оваа вила нуди мирен живот каков што тие двајца посакувале и планирале.