Заедничкиот простор

20

Албанската преродба е инспирирана од европската. Кај овие прогресивни европски движења на времето беа и основа на верската толеранција, на концептите за градење на албанските општества или и кај визиите дека каде припаѓаат Албанците. Тоа е филозофија што се канализира во изразот дека „сонцето за Албанците изгрева на запад“. Филозофската храна доаѓаше од овие идеи кои во суштина го имале поединецот, без разлика кој бил и во што верува, но рамноправен во однос на државата. Производ на оваа филозофија се потоа политичките случувања кои донесоа можност еден свештеник, Ноли, да биде избран за премиер во земја со мнозинство муслимани и тоа не претставува проблем

 

Назим РАШИДИ

Џон Лок, е англиски филозоф кој живеел од 1632 до 1704 година и се смета како еден од инспираторите на европската преродба и основач на либерализмот. Тој е значаен е и по фактот што ги инспирирал и Уставот на Соединетите американски држави после прогласувањето на независноста, што се уште е суштина на човековите права и слободи. Значењето на Лок, има тежина и за фактот дека е еден од првите што зборува за значајот на религиозната толеранција, отфрлајќи го убедувањето што владееле во тоа време дека тоа е волја на Господ, кралевите да владеат.

Го спомнувам овој филозоф затоа што во своето време се сметаше за еден од највлијателните интелектуални луѓе во Англија, но и за фактот дека неговото образование во тоа време вклучуваше, меѓу другото, и јазиците латински, грчки, хебрејски и арапски. Секако, дека Европската преродба (ренесанса) ќе доаѓаше со нејзината потенца подоцна во историја, но идеите на Лок, најмалку тие основни за либерализмот дојдоа од него, каде што во центарот беа индивидуалните слободи и права. Потоа, либерализмот се развива во доктрина што веројатно ја знаеме денеска најдобро и што го има во центарот токму слободата на поединецот, каде се верува дека е неопходно владите да ги штитат поединците од нападите на другите, но, исто така велат дека и владите можат да бидат опасност кон слободите.

Без да навлегуваме во многу детали во историјата на политичка филозофија, оваа доктрина на крајот на 19 век инсистираше дека власта на владите може да промовира и истовремено и да ги заштити слободите на поединецот. Во меѓувреме, современиот либерализам вели дека главната задача на владите е да ги избегнува пречките што не дозволуваат поединците да живеат слободни или што не дозволува да го остваруваат нивниот потенцијал. Меѓутоа, тако нешто не е само декларативно, затоа што заштитата и создавањето на условите го вклучува сиромаштијата, болестите, дискриминацијата и внимавајте: ИГНОРАНЦИЈАТА.Значи, сите области со кои се занимава државата. Ќе се враќам на оваа доктрина, но за да ја ставам во нашиот контекст, тоа е многу значајно, затоа што и албанската преродба е  инспирирана од неа. Кај овие прогресивни европски движења на времето, беше и основата на верската толеранција, на концептите за градење на албански општества или и кај визиите каде припаѓале Албанците. Тоа е филозофија која се канализира во изразот дека „сонцето за Албанците изгрева на запад“. Филозофската храна потекнува од овие идеи кои во суштина го има поединецот, без разлика кој бил и во што веруваше, но рамноправен во однос на државата. Производ на оваа филозофија се потоа политичките случувања кои донесоа можност еден свештеник, Ноли, да биде избран за премиер во земја со мнозинство муслимани и тоа не  претставува проблем. Се разбира, дека можеме да пребројуваме и други примери.

Нашиот денешен политички развој може да донесе и други склоности и влијанија, секако, затоа што никој не е имун од глобалните влијанија. Дури ние во нашата историја имаме такво искуство, каде Енвер Хоџа се обиде да ја затвори земјата од било какво влијание и знаеме што се случи. Во тој контекст, како што гледаме денеска има различни движења, особено тие популистички кои доминираат во глобална политика, тие можат да се појавуваат и тука преку различни канали и патишта, идеолошки или интереси на големите играчи. Меѓутоа, тоа во никој начин не значи дека треба да се заборави или уште полошо да се потценува од каде извира, каде ја има основата и зошто доаѓа либерализмот меѓу нас, што на крајот создава простор, или се обидува да најмалку, сите да бидат рамноправни како поединци пред државата и каде државата треба да ги штити тие слободи и права.

Исклучително е опасно да се поткопа оваа вредност, бидејќи нашиот развој имаше многу жртви и крв, но сигурно и многу недоразбирања и лоши толкувања. Либералните идеи, духот на верските слободи, особено не доминирањето на религија меѓу Албанците, но и во општеството, често се облекува како последица од комунизмот, затоа што комунизмот, особено албанскиот, ја уништи религијата. Меѓутоа, либерализмот го вели спротивното, значи каде секоја личност го ужива своето право за се и државата него треба да го заштити, да го гарантира и да го промовира.

Тоа е благородна мисија, бидејќи како што реков погоре, таквите идеи не вклучуваат само изјави и идеи на хартија, туку имаат илјадници страници кои објаснуваат што треба да се прави со сиромаштијата, болестите, дискриминацијата и игноранцијата. Тоа би се превело во мерки за вработување, затоа што без благосостојба човекот не може да биде сам себеси и да го изразува индивидуалност, а како последица лесно се доминира. Таквите политики би подразбирале мерки за здравството, затоа што здравството не треба да биде луксуз. Во суштина, државата треба да го гарантира не дискриминацијата, во било која основа, се разбира, етничка, расна, јазична и да, и дека сме  во 21 век, и тоа сексуална. И државата, не што треба да се бори против игноранцијата, туку ќе треба да преземе монументални мерки за квалитетно образование, без која ниту еден поединец не може да го изрази својот целосен потенцијал. Во суштината на овие идеи е можноста да бидеш и да се чувствуваш рамноправен во просторот каде што животите на секој се соочуваат со другите, каде минимално треба да има почит за различното на другиот. Тоа се основните концепти врз кои треба да се гради нашето општество, а особено во Северна Македонија, каде различното е постојано присуство. Загрижувачки е обидот да се поттикнува доминацијата, всушност, сите прогресивни движења започнаа кога притисоците беа очигледни. Го гледаме обидот за доминација во политичката реторика, артикулирана во некои случаи и во етнички прашања, но и во религиозни, но општиот контекст и развој  не го издржува веќе таква ситуација.

Во спротивно, ние ќе останеме заложници на баналноста, каде што помогната од социјалните медиуми се што се претворува во навреда на суштината на политичките придонеси, исчезнува. Затоа, во таква секвенца доминираат популистичка реторика, како што се јазикот, нацијата, религијата, кои во нашиот заеднички простор, сите ќе треба да бидат рамноправни, и каде државата да биде гаранција за заштита на овие слободни изрази.

Прашањата што треба да се постават понатака, и што се поврзани со политичката понуда, треба да бидат, како ќе се гарантираат тие слободи, како ќе се развива општеството? Недостатокот на дебати за овој одговор донесува само какофонија од типот, Албанец – Македонец, албански – македонски, религиозен – нерелигиозен, а не суштината на која е: Јас можам да бидам што сакам, а државата треба да гарантира рамноправност! Ако партиите не го артикулираат ова барање и концепт, или дури и критиката за лошо владеење и предизвикувачката понуда, тогаш имаме сериозен проблем како се гледа власта, но тој веќе ќе го поминува и на друга дискусија, друг пат.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)