Замрзнат имотот на поранешниот ген-сек на Владата, Драги Рашковски

6

Кривичниот суд го замрзна имотот и сметките на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Обвинителството побарало, а судот прифатил имотот на малолетните деца на Рашковски да не смее да се продава или дава под залог сè додека трае истрагата против него затоа што со спроведувањето јавни постапки, евентуално е направена штета врз буџетот од речиси 290 илјади евра.

Во предметот како оштетена страна се јавува државата.