Заплеткан банкарски скандал: Костовски со нови обвинувања за Еуростандард

14

Замрсениот случај со банкарскиот скандал на Еуростандард банка, продолжи со обвинувања на адреса на директорот на банката, стечајниот но и на државни функционери.

Еден од сопствениците на банката, Трифун Костовски побара одговори од актуелниот министер за внатрешни работи притоа обвинувајќи за спрега со екс директорот Петковски.

Во вчерашната колумна, Костовски кажува дека информациите кои ги има зборуваат дека во првите четири месеци стечајната маса била енормно зголемена.