Започна исплатата на МојДДВ – три милиони евра ќе им бидат исплатени на граѓаните

15

Од вчера започна поврат на дел од платеното ДДВ за месеците јули, август и септември кон граѓаните. Над сметките на над 16.000 граѓани исплатени се парите од повратот на 15 отсто од ДДВ, соопшти СДСМ.

Според партијата, до крајот на идната недела ќе бидат исплатени сите граѓани кои скенирале фискални сметки.

„Само преку оваа мерка над 3 милиони евра се враќааат директно кај граѓаните. Преку мерката МојДДВ за првпат државата враќа пари директно на трансакциските сметки на граѓаните. Концептот ‘Парите назад кај граѓаните’ се реализира во целост и дава одлични резултати. На прав пат сме, преку конкретни мерки и политики докажуваме што значи вистинска грижа за сите граѓани“, се додава во соопштението.