Започнува ликовната колонија „Кавадарци-Михајлово“ 2020

56

Во скратено издание од 26. до 29. август, со само петнаесетина учесници, утре стартува најновото издание на традиципналната меѓународна ликовна колонија „Кавадарци-Михајлово“ 2020. Заради пандемијата и протоколите предвидени за одржување на културни настани, дел од учесниците своите дела ќе ги создаваат на колонијата, а дел ќе се претстават со свои дела онлајн.

Како што е вообичаено, на стартот на ликовната колонија секогаш се отвора ликовна изложба на еден од уметниците учесници. Утревечер во 20 часот под наслов „Урбан лиризам“, во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ ќе биде отворена изложба на Љупка Галаска-Василев од Струмица. Свеченото отворање на колонијата е предвидено за 21 часот во хотел „Уни Палас 2“ каде рок концерт ќе одржат групите „Пикси и Ване“ и „Епидемија“.

Додека трае колонијата ќе биде отворена уште една изложба и тоа во Музеј-галерија Кавадарци на 27. август во 20 часот на уметницата Александра Кокотовиќ од Белград, Србија.

Сите активности на колонијата ќе се одвиваат според протоколите за организирање на стани за време на ковид-19, носење на лична заштита на лицето, дезинфекција на рацете, држење потребно растојание, мерење на температура и ограничен број на посетители.

Затворањето на ликовната колонија „Кавадарци- Михајлово“ 2020 е предвидено во сабота 29 Август со заедничка изложба на учесниците и рок концерт