Захариева: Македонскиот претставник за Евровизија добил 400 закани по живот, затоа што има и бугарско државјанство

5

Дали е нормално во 21 век да не може да се каже дека имате двојно државјанство, прашува бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во последното интервју за 24 Часа, мислејќи на случајот со Васил Гарванлиев, македонскиот претставник на Евровизија годинава кој објави дека има и бугарско државјанство. Захариева во интервјуто не зборува за видеото на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, но коментира дека последните активности на властите во Скопје не им давале многу причини за оптимизам.

„Нивниот кандидат за Евровизија доби повеќе од 400 закани по животот затоа што рече дека имал и бугарско државјанство. Дали е нормално во 21 век да не може да се каже дека сте државјанин на две земји? Или да разговараме дали да го отстраниме од конкуренцијата поради тоа? Сè уште немаме објаснувања од Скопје и зошто нашето Министерство за надворешни работи треба да побара дозвола за бугарските книги. Тие сакаат да бидат членка на ЕУ, а не можат да земат донација на книги од земја-членка! Да не ја спомнувам кампањата за клевета против нас од страна на невладина организација од Словенија, тесно поврзана (вклучително и до неодамна со финансиски договор) со Владата на РСМ, вели Захариева.