За девет часа од Денот на самците, „Алибаба“ заработи 23 милијарди долари

10

Кинеските потрошувачи потрошиле во понеделникот милијарди во американски долари уште во првите часови од Денот на самците, најголемиот шопинг настан на светот, на чиешто отворање присуствуваше и американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт.

Интернет продавачот Alibaba извести дека првата милијарда долари е потрошена на нивната платформа во рок од само 68 секунди. Гигантот го одбележа почетокот на купувањето со гламурозниот концерт во Шангај на кој настапи и Тејлор Свифт.

Вкупниот износ на трансакциите од 100 милијарди јуани, или 14,3 милијарди долари, достигнат е на платформата Aliplay на Alibaba за малку повеќе од еден час, 43 минути порано отколку минатата 2018 година.

Денот на самците се организира веќе 11 година, а цел на купувачите кои ловат попусти се широка лепеза производи, од електроника до облека. Настанот важи како сигурен показател за расположението на потрошувачите во втората според обемот најголема економија во светот.

Кинеската економија извесно време е забавена под влијание на трговската војна со САД, но малопродажбата и натаму им одолева на тешкотиите.

Денот на самците, нарекуван и 11.11., според датумот на кој се одржува, првично е замислен како неофицијален датум на неженетите односно немажените во Кина.

Пред десет години во Alibaba дошле на идејата да го искористат како можност за промоција на купувањето, слично на американскиот Црн петок, кој се одржува кон крајот на ноември. Нивната идеја ја прифатија и другите интернет платформи и трговци.

Идејата да се заработи на наклонетоста на кинеските потрошувачи на интернетското тргување и плаќање преку паметни телефони, се покажа многу вносна и Alibaba редовно ги соборува сопствените продажни рекорди. Минатата година за 24 часа продадени биле стоки во износ од 30,7 милијарди долари, што беше рекордена сума за Alibaba, но растот бил нешто побавен отколку претходните годни. Од кинескиот интернет гигант на почетокот од ноември известија дека третиот квартал го заклучиле со висохи приходи, иако нивниот раст зашавила на 40 отсто, од минатогодишните 54 отсто.