За изборите на 12 април ќе бидат потрошени близу 9,5 милиони евра

11

За предвремените парламентарни избори од државната каса ќе бидат потрошени 9 милиони и 323 илјади евра. Оваа сума Државната изборна комисија ја соопшти на денешната седница.

Парите ќе бидат потрошени за изборните активности – печатење на избирачките ливчиња за општинските изборни комисии, за избирачките одбори, за дијаспората, подготовка на материјалите, медиумска кампања.

ДИК на денешната седница го утврди и целокупниот финансиски план за распределба на средствата за 2020 сгодина. И тоа за редовното работење на Комисијта, односно „Планот 20“ и потпрограма „21 за изборни активности“, или вкупно 10.550.130 евра, од кои 1.227.128 за редовното работење и за изборите 9.323.000 евра.

ДИК, финансискиот план до Министерството за финансии треба да го достави до 10 јануари.