За можните албанско-македонски политички сојузи

13

Од Емин АЗЕМИ

Во Македонија се уште нема претходно утврдено правило што ќе влијаеше некако во насочувањето на политичките сили за можни предизборни или после зборни коалиции. Досега сме виделе две повеќе или помалку стандардни шеми, што се создадени во главно после изборите, каде доминирале сојузите (алијансите) меѓу една македонска политичка партија и албанските партии, во зависност од тежината на гласовите освоени после изборите.

На овие избори што се очекува да се одржат следната година, се забележува речиси повторениот дискурс, но сега со некои новини, што те потсетува на времето кога луѓето излегувале на пазар,не да земаат тоа што им беше потребно, туку тоа што можеа да најдат, затоа што не секогаш има на располагање нешта за кои имаше најмногу потреба.

Сега се случува дека македонските партии кои имале ригидни ставови кон албанските прашања да ги предефинираат нивните позиции, како што е случајот и со ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Мицковски, која испраќа сигнали дека во иднина може да биде подготвена за некој можен сојуз со албанските политички партии од опозицискиот блок. Сметките на оваа политичка сила не идат преку дневните пресметки затоа што е убедена дека албанските опозициски партии ќе успеат да ја поразат ДУИ на следните избори.

Значи, покрај гласачите, може да биде и некоја македонска политичка партија која се радува на обединувањето на албанската опозиција, но колку ќе трае оваа радост останува да гледаат во следните политички процеси. Искуството покажа дека меѓуетничките политички сојузи кај нас имале многу специфични дефиниции и прагматизмот  на овие сојузи бил  доминантен на сите соработки.

Причината да се верува дека така може да се случува во иднина е многу реална, но тоа што се уште останува нереално се однесува до процесот на „пеглање“ на ставовите на македонските политички субјекти спрема албанските прашања со дилеми. Досега не сме забележале некој отворен став на албанските опозициски партии, особено на Алијансата за Албанците и на Движењето Беса, со кои тие би прикажале некакво расположение во корист или против сојузите со македонските политички субјекти, особено со ВМРО-ДПМНЕ, иако на локален ниво, оваа соработка се случило во минато, особено за време на локалните избори.

Во отсуство на некое малку по специјализирано истражување за прашањето на албанско-македонските политички сојузи, јавноста ќе биде принудена да се ограничува со фрагментираните мислења што излегуваат од различните аналитичари и партиски претставници. Во овие мислења, не ретко, се даваат насоки за овие сојузи, каде во некои случаи се зборуваше и за можна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, на пример, и некои албански опозициски партии.

Политичките набљудувачи можеле да ги забележат овие набљудувања, но тоа што треба да бидат што појасни сега и во иднина, се заправо експонентите на политичките партии, кои не можат до бесконечно да ги камуфлираат нивните ставови и да ги откријат тие само неколку дена по завршувањето на изборите. Само еден албански лидер,тој на  ДПА, деновиве покажа поголема јасност, повикувајќи ги неговите поддржувачи да гласаат за неговата партија и за СДСМ. Тој не апелираше да се приклучува со албанската опозиција, затоа што себеси ја гледа како дел на власта, но од друга страна не се двоуми да ја нападне друга албанска партија (ДУИ), која исто така е дел од власта. На крајот на краиштата, ако изјавуваше поинаку, овој партиски лидер, не би се нарекол контроверзен, како што продолжува да биде постојано.

Следните парламентарни избори, каков политички сојуз може да произведува и дали може  да се случува дека албанско-македонската опозициска шема да се покажува по поефикасна во соборувањето на сегашната шема. Тоа останува отворено прашање, за која се бара дополнителна анализа, додека на политичките субјекти им останува да ги предефинираат нивните ставови и погледи за методологијата на овие сојузи, кои не се секогаш пожелни, но се многу неопходни.