За неносење заштитна маска казни за 749 лица

10

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава регистрирани се 749 прекршувања на мерката за носење лична заштита на лице, информира МВР.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.