За 25,5% е зголемен бројот на заразени од Ковид-19 за една недела

17

Бројот на тестирања за Ковид-19 е зголемен за 13,3% во споредба со претходната недела, односно биле направени 19.719 тестови од 2 до 8 ноември, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Во овој период биле регистрирани 7.280 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 25,5% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (44,7%).