Зголемени цените на угостителските услуги

8

 

Цените на угостителските услуги во февруари годинава се зголемени за 0,1 отсто во споредба со претходниот месец, а во однос на февруари 2022 година бележат раст од 14,8 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари во споредба со јануари зголемување на цените е забележано во групите Алкохолни пијалаци за 0,5  и Безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто.

Цените на угостителските услуги, пак, во првите два месеца од годинава година се зголемени за 14,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година, додека во однос на декември 2022 година цените за зголемени за 0,7 отсто.