Повеќе од 800.000 барања за азил се поднесени во Европската унија, Норвешка и Швајцарија оваа година до октомври.
Споредено со истиот период во претходните години, ова е највисока бројка од 2016 година, објави германскиот весник „Велт“ во своето денешно издание, повикувајќи се на бројки на Агенцијата за азил на ЕУ.
Според бројките, од почетокот на годината до 3 октомври во 29-те држави биле поднесени точно 801.459 барања за азил.
Најголеми зголемувања се забележани во Летонија, до 168 отсто, и во Естонија 119 отсто. Ова се објаснува со силниот пораст на нерегуларната миграција од Белорусија.
Германија се најде на третото место со 74 отсто зголемување на бројот на апликации во споредба со истиот период минатата година. Најголемо намалување е забележано во Данска, пад од 56 отсто, Малта, 54 отсто, Кипар со пад од 52 отсто и Австрија со пад од 41 отсто.
Земја со најмалку барања за азил годинава беше Унгарија, со само 26 барања.