Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

22

 

За еден сантиметар во споредба со вчера е зголемен водостојот на Преспанското Езеро со што нивото му е за 1,8 метри пониско од повеќегодишниот просек за јануари.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), понизок од просечниот и тоа за 11 сантиметри е и водостојот на Охридското Езеро кој е ист со вчерашниот. И нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, но е за 2,62 метра повисоко од просекот за овој период од годината.

Повисоки од просечните се и водостоите на поголем дел од реките во земјава, но кај сите има благо намалување на нивото во споредба со вчера, со исклучок на Крива Река, на мерното место кај Крива Паланка, каде водостојот е ист со вчерашниот.