Зеленски е подготвен да разговара за Крим и Донбас

4

Украинскиот претседател Володимир Зеленски дава шанса за решавање на конфликтот во Украина.

Прашан за можноста за признавање на Крим и Република Донбас, Зеленски рече дека постои можност да се разговара за тоа.

„Можеме да разговараме за тоа и да најдеме компромис за тоа како луѓето ќе продолжат да живеат таму“, рече Зеленски на прашањето за можноста за признавање на Крим, Народните републики Доњецк и Луганск.

Претходно, помошникот на претседателот на Русија и шефот на делегацијата за преговори со Украина, Владимир Медински, во интервју за РТ изјави дека се надева оти во текот на преговорите ќе се најде решение на темата за признавање на Крим и Донбас.